15 мај 2019

Гостинско предавање за Претприемништво во 21 век со Пол Сергиус Коку

На 14 мај 2019 година, имавме чест да го имаме како предавач професорот на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и академскиот член за маркетинг Проф. д-р. Пол Сергиус Коку, кој одржа предавање за Претприемништво во 21 век, пред студентите и кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Проф. д-р Пол Сергиус Коку е професор на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и член на Академијата за маркетинг. Од неговата лична и професионална перспектива, Коку разговараше за карактеристиките на претприемништвото, особено за начините на преминување на бариерите и ризиците во 21 век.

На крајот од презентацијата, се разви динамична дискусија на студентите и кадарот околу тешкотиите со кои се соочуваа претприемништвото, што резултираше со конкретни предлози до нив. 

Гостинското предавање беше поддржано од Центарот за Бизнис и Иновации, во Универзитетот на Југоисточна Европа.