25 октомври 2019

Вреднување на стартапи - гостинско предавање на VentureUp програмата при Универзитетот во Приштина

Во Понеделник, 21 Октомври, ја имавме честа да одржиме гостинско предавање за една од нашите услуги: Вреднување на Стартапи, на нашите партнери од „VentureUp“ инкубаторската програма при Универзитетот на Приштина во Косово.

Ѓорѓи Рафајловски од SEEUTechPark ги сподели нашите знаења и искуства во вреднувањето на стартап компании, на избраните – најперспективни стартапи од Приштина, за време на инкубациската „VentureUp“ програма, која беше организирана во рамките на работилницата за инвестициска подготвеност поддржана од Швајцарската програма за претприемништво во Северна Македонија.

Проектот за обука за претприемачи е организиран во рамките на проектот „VentureUP - Универзитетот во Приштина“, кој е финансиран од канцеларијата на Европската унија во Косово.