3 март 2020

SEEUTechPark учествуваше на првата македонска стартап конференција - Pitch.Match.Grow

PwC Северна Македонија заедно со Македонска Берза и Startup Macedonia ja организираa првата startap конференција „Pitch. Match. Grow.’’, со корисни #StraightToThePoint насоки околу можностите за финансирање на стартапи.

Повеќе од 120 учесници присуствуваа на дводневната конференција во Mariott - Скопје, на 26 и 27 февруари, каде разговаравме за успешните стартапи, нивните приказни и можностите за развој на македонскиот екосистем. Локалните стартапи имаа можност да ги споделат своите практични и корисни совети за нивниот пат кон кон добивањето финансии, а инвеститорите споделија неколку совети за тоа како стартапите да им пристапат, да преговараат и да обезбедат соодветно финансирање од страна на инвеститорите.

Конференцијата исто така беше шанса за 10тина пред-селектирани перспективни стартапи да ја презентираат својата идеја, а воедно беше промовирана и новата Funderbeam инвестициска платформа.

SEEUTechPark беше избран како префериран инвеститор од страна на организаторите на конференцијата, и активно учествуваше во жири-комисијата при презентацискиот натпревар.