11 јуни 2020

SEEUTechPark еден од акцелераторите на Star Venture програмата од ЕБОР

Програмата Star Venture на Европската Банка за Обнова и Развој – ЕБОР има за цел да им помогне на напредните стартапи акцелератори и консултанти да го унапредат нивниот целосниот потенцијал, а SEEUTechPark беше избран како единствена организација - соработник од С. Македонија.

Star Ventures им помага на селектираните акцелератори во прифаќањето на иновациите, претприемништвото и развој на бизнисот. Овие акцелератори кои се наоѓаат во оперативните земји имаат корист од широк спектар на советодавни услуги што ќе го развијат нивниот капацитет за да им помогнат на стартап компаниите да создадат и одржат дополнителна вредност. Програмата ќе го обезбеди SEEUTechPark со алатки за подобрување на деловните перформанси на нашата група на стартап и брзорастечки компании, а ќе придонесе и за поширокиот претприемачки екосистем.

Оваа програма на ЕБОР моментно е финансирана од Европската Унија, Луксембург и Кореја, преку EBRD Small Business Impact Fund (Италија, Јапонија, Кореја, Луксембург, Швајцарија, Шведска, Тајпеј-Кина и САД).