19 ноември 2021

Клиничка настава на факултетите за ИКТ и Бизнис Администрација

На 16-ти и 17-ти Ноември, тимот на SEEUTechPark предводен од Ѓорѓи Рафајловски и Блерина Зендели ги презентираше можностите кои ги нуди за студентите, идните истражувачи и претприемачите.

Бевме горди што бевме гости-говорници на предметите „Иновациски менаџмент“ – во рамките на Факултетот за Бизнис Администрација, како и и предметот „Програмирање“ на ИКТ Факултетот за албанските и македонските додопломци на УЈИЕ. Имено, ги презентиравме неодамнешните активности на технолошкиот парк, како и можностите за инволвирање на студентите во нивниот пат кон успешни претприемачи, преку можностите за учество на хакатони, работилници, програмите за инкубација/акцелерација но и преку стартап инвестиции.

Навистина уживавме да поразговараме одблиску со следната „технолошка“ генерација за тоа како најдобро да го претвориме знаењето и експертизата во: акции, продуктии инвестиции!

Посебна благодарност до професорите Гадаф Реџепи и Марика Апостолова на поканата.