26 ноември 2021

Стартапите Notarised, e-Bionics и Fixigo под менторство на SEEUTechPark добиваат финансии од ФИТР

Стартапите кои се под наше менторство, меѓу многу други стартапи низ Северна Македонија, успеаја да заработат вкупно 124.000 € за да продолжат со напредокот на нивната работа.

Сите овие имаат различни активности едни од други, каде што Notarised е децентрализирана блокчејн апликација која помага при потпишување, заверување и верификација на секаков вид документ.
Тимот на e-Bionic од друга страна развива иновативни решенија за обработка на 3D бионичка печатена рака (електронска протеза) за корисници со дефекти на горните екстремитети.
Fixigo пак има за цел да развие хардверска и софтверска платформа базирана на безжична мрежа, со самоодржлива енергија од сензорите.

Ние во SEEUTechPark сме многу горди што придонесовме за одржливоста на овие стартапи во осигурување на нови инвестиции и да да им помогнеме на тимовите да освојуваат нови пазари.

Со нетрпение очекуваме повеќе успешни приказни за нас и нашите стартапи!