18 февруари 2022

Одржана работилница за Циркуларна Економија во туризмот наменета за малите и средни претпријатија

На 16 ноември, Центарот за бизнис и иновации - БИЦ ја организираше првата од 4те тематски работилници наменета за предселектираните 12 МСП-а кои работат во туристичкиот сектор околу моделите на циркуларна економија во рамките на проектот CEnTOUR EU-COSME

Малите и средни претпријатија, особено од туристичкиот сектор, полека се приближуваат кон предизвиците за преминување од модел на линеарна кон кружна економија и, со оглед на просечната големина, вообичаено немаат доволно ресурси и вештини за да се соочат со соодветните предизвици. Системите за туризам се меѓусебно поврзани системи кои имаат корист од интегрираниот пристап за развој на бизнисот, како во однос на ефикасност, така и во однос на промоцијата.

БИЦ, преку своите обуки на фасилитаторите - Авни Арифи и Ѓорѓи Рафајловски, има за цел да ги поддржи малите и средните претпријатија во развојот и имплементацијата на циркуларни бизниси (во смисла на трансфер на знаење, вештини, иновации, сертификати) во еден интегриран систем за локален развој.

CEnTOUR – Циркуларната економија во туризмот, е COSME проект кој започна во септември 2020 година, и ќе трае до септември 2023 година, а е финансиран од ЕУ.