20 октомври 2022

Информативна сесија за инвеститори – 700 Акцелераторска програма

На 19-ти октомври SEEUTechPark го одржа првиот настан со кој беше претставена 700 Акцелераторската програма на инвеститорите во рана фаза.

Целта на оваа сесија беше прво подобро да се информираат инвеститорите за акцелераторската програма, што ние како SEEUTechPark ќе соработуваме со нив, како тие ќе учествуваат со своите инвестиции во стартапите кои ќе бидат дел од оваа програма. Настанот започна со презентација на прегледот на 700 Aкцелератор, и како коинвестициите ќе донесат огромни можности, со тоа што ќе започнеме да инвестираме во стартапи со висок раст со нас. Исто така, имавме панел дискусија за перспективата на стартап инвестиции, поканети на овој панел беа г-ѓа Ели Забевска, директор на South Central Ventures, г. Стефан Боденски ангел инвеститор од Австрија, со две од нив разговаравме за перспективата на инвестициите, следно круг на инвестиции, процент од капиталот што треба да се земе во замена за капитал. И го имавме г. Гентиан Елмази одличен пример за тоа како да се биде успешен стартап, зборувавме за тоа дали биде дел од акцелераторските програми и што добил од тоа, неговата излезна цел , идеална стартап програма за претприемачи кои собираат капитал и слично. Сите овие теми кои беа дискутирани со панелистите предизвикаа интерес кај публиката.

Овој настан повеќе го зголеми интересот на инвеститорите за 700 Акцелераторот што ќе стартува, со многу можности за соработка меѓу нас и нив за да се постигнат што повеќе инвестиции и успешни стартапи.