15 ноември 2022

ОБУКА НА ИНВЕСТИТОРИ ВО СТАРТАПИ

Минатата недела SEEUTechPark ја започна академијата за стартап инвеститори во соработка со Strategy Tools и поддржана од EBRD – С. Македонија

Програмата за стартап инвеститори (инвеститори во рани фази) е дизајнирана како микс на дигитални работилници, видео тренинг и дигитално менторство, наменета за однапред селектирана група стартап инвеститори од SEEUTechPark што ќе бидат вклучени во новата акцелераторска програма – „700 Accelerator“, која се базира на ко-инвестиции заедно со чинители од приватниот сектор.

За временски период од 8 недели, Strategy Tools ќе работи со околу 30 стартап инвеститори на зголемување на нивното знаење и способности поврзани со подготвеноста за инвестирање. Тие ќе користат своја уникатна методологија, алатки, истражувања, но и најдобри практики за да ја едуцираат првата група македонски претприемачи, како да станат успешни бизнис ангели.

Оваа обука е поддржана од Европската Банка за Обнова и Развој – ЕБРД во С. Македонија, во рамките на „Star Venture“ програмата.