19 март 2024

700 Accelerator настан за предселекција 2024: Поттикнување на претприемачки иновации

Настанот за предселекција на 700 Акцелераторот неодамна беше центар на вниманието минатиот Петок, на 15.03.2024 година во Меркур Хотел, собирајќи ја енергичната мешавина на визионерски настроени претприемачи и стартап инвеститори.

Од технолошки стартапи во логистиката, па се до одржливи и циркуларни модни бизниси, секој од вкупно 14 однапред избрани тимови ја покажаа различноста и креативноста што ги поттикнува нивните амбиции за раст и равој.

Овогодинешните претприемачи, поттикнати од својата страст и амбиција, ја искористија можноста да ги претстават своите револуционерни идеи пред мрешата на бизнис ангели, деловни експерти и корпоративни партнери на 700 Акцелераторот. Зад секоја презентација не беше само бизнис концепт, туку и визија за трансформативни промени - визија што одекна кај инвеститорите и менторите кои сакаат да го поддржат следниот бран локални иноватори.

Дополнително, настанот исто така поттикна чувство на соработка и градење партнерство помеѓу сите учесници. Како што настанот завршување, сесиите за вмрежување обезбедија плодна почва за конекции и можни идни партнерства и секако стартап инвестиции.