21 март 2014

Договор за соработка помеѓу SEEUTechPark и EMKICE&ILUMINE

На 17 ти, март 2014 SEEUTechPark и EMKICE & Ilumine потпишаа договор за соработка. Главната цел на договорот е да се обезбеди взаемна поддршка и услуги со употреба на заеднички ресурси, во согласност со можностите на пазарот и потребите на потенцијалните клиенти и соработници.

Euro Macedonian Knowledge Innovation Center ( EMKICE & Ilumine ) преку своето влијание во ЕУ, Југоисточна Европа, Блискиот Исток, Северна Африка и Азија има за цел да ги поддржи своите клиенти и соработници правејќи ги поконкурентни, иновативни и продуктивни на меѓународниот пазар преку: обезбедување на поддршка за иновативен развој на производот и дизајн за комерцијализација; обезбедување соодветна обука и свест за програмите на ЕУ, ЕУ фондови и грантови; подигање на свеста за инвестициите на бизнис ангелите итн.



SEEUTechPark и EMKICE & Ilumine делат заеднички интерес и имаат намера да соработуваат со цел да ги оптимизираат сопствените ресурси и да обезбедат најдобри услуги и поддршка за своите идни клиенти . Двете страни се обврзаа на меѓусебна помош за: организирање на настани , финансирање од ЕУ, поддршка на комерцијализацијата и консалтинг во областа на пристапот до финансии. Двете горенаведени странки се согласија за продлабочување на идната соработка.