16 октомври 2015

SEEUTechPark заедно со претприемачите и инвеститорите на саемот „Технома 2015 - Иновации и технолошки развој“

Тимот на SEEUTechPark имаше огромно задоволство да се претстави на овогодинашниот саем на иновации и технолошки развој „Технома 2015“ кој се оддржува од 13-ти до 17-ти Октомври на Скопски Саем, кој овој пат се оддржа под покровителство на Фондот за иновации и технолошки развој.

Настанот беше одлична шанса да се запознаеме со потенцијалните и постоечките претприемачи и да им ги презентираме одличните можности за работа во Технолошкиот Парк на старт-ап компаниите, како и различните програми за помош и поддршка на добрите бизнис идеи.

Подоцна, во рамките на настанот се оддржа и отворена дискусија на тема „Соработка помеѓу науката и индустријата“ на која Менаџерот на Технолошкиот Парк - Ѓорѓи Рафајловски разговараше за досегашното искуство, добри практики и идните потенцијали на соработка помеѓу овие два сектори, заедно со претставниците на Фондот за иновации, ФИНКИ, ИТ и автомобилскиот кластер, како и претставници на Стопанската комора на Македонија.