10 декември 2015

Еден час кодирање за секој ученик

На 10 декември, 2015 година во кампусот на УЈИЕ во Тетово, како дел од "Часот на Кодирањето 2015" се одржа настанот "Еден час кодирање за секој ученик".

Оваа недела, милиони студенти од сите возрасти ширум светот имаа можност да поминат еден час учење компјутерски кодови - некои од нив едноставни, а други напредни, при тоа - како што организаторот најави целта е "да се демистифицира кодот и да се докаже дека секој може да ги научи основите на кодирањето ."

Дел од овој глобален настан беше и SEEUTechPark, каде многу млади луѓе и студенти беа во можност да ги научат основните концепти на програмирањето.

Учесниците активно работеа најмалку еден час на компјутерски кодови, експериментирање со компјутерски науки или истражување на различните начини како компјутерската технологија влијае во нивните животи.