25 февруари 2016

Wednesday TALK! #4

На 24 февруари, 2015 година се одржа панел дискусија, , Wednesday TALK! во организација на SEEUTechPark. Дискусијата покри тема за тоа како може да се создаде Глобална Иновација од Македонија.

Дел од овој панел беше Александар Тасев, управен директор на SuperFounders. Како иноватор, претприемач и инвеститор во многу старт-уп компании, Александар се oбиде преку презентација да го објасни тоа како можеме ние, почнувајќи од иновативна идеја, градење на тим, наоѓање на правни ментори или инвеститори и зааокружувајќи ги сите овие елементи со љубов, да достигнеме до создавањето на една стартУп компанија базирана во најдобрите практики.

Презентацијата беше проследена со големо внимание, а заврши со сесија на прашања и одговори на студентите, претставници на старт-ап компаниите и идните претприамачи.