20 септември 2016

Белгиската компанија за логистика „Katoen Natie” во посета на SEEUTechPark и УЈИЕ

На 19-ти Септември 2016 година, петнаесет (15) претставници на ИТ отсекот на белгиската компанија за логистика „Katoen Natie” го посетија Универзитетот на југо-источна европа и SEEUTechPark.

„Katoen Natie” е глобална компанија во отсекот на логистички услуги и операции на пристаништа. Компанијата е присутна во 28 земји и вработува околу 12.000 лица ширум светот. Во 2009г. Компанијата имаше 154 логистички платформи. Претставништвото на компанијата е лоцирано во Антверп, Белгија. „Katoen Natie” е заинтересирана за соработка со SEEUTechPark и УЈИЕ воопшто, во полето на студентското ангажирање во нивните долгорочни стратегии на вработување на млади ИТ професионалци во развојот, оддржувањето и модификувањето на компанискиот Warehouse Management Solution (WMS) систем.

Во конфересницската сала на BDC, кадешто се оджа настанот, Оперативниот директор на SEEUTechPark – Ѓорѓи Рафајловски имаше кратко излагање на можностите за соработка помеѓу компаниите-станари на технолошкиот парк, додека Деканот на Факултетот за ИКТ – Г-дин Адриан Бесими и Про-ректорот за академски прашања – Г-ѓа Лејла Абази ги презентираа достигнувањата на Универзитетот, како и факутетските програмски активности. Во рамките на посетата, делегацијата имаше можност да оддржи кратки неформални останоци со претставниците на компаниите-станари на технолошкиот парк, и да направи мала обиколка на кампусот и неговите центри.