Работилница:Паметна специјализација, иновации и заштита на интелектуалната сопственост во преработувачката индустрија
Бизнисите во новото - модерно време имаат голема потреба од специјализирани вештини и знаење, особено во преработувачката индустрија каде што иновациите и заштитата на интелектуалната сопственост се клучни елементи за успех.
Со оглед на ова, Центартот за бизнис и иновации – BIC“ ви ја преставува работилницата на тема "Паметна специјализација, иновации и заштита на интелектуалната сопственост во преработувачката индустрија".
Оваа работилница има за цел да ги подобри вештините и знаењата на учесниците во областите на: паметни преработки и технологии, иновации во преработките, заштита на интелектуалната сопственост, претприемништво и бизнис развој, практични аспекти и реализација на проекти, како и вмрежување и соработка помеѓу учесниците.
За кого е наменета работилницата? Ова аработилница е наменета за сопственици и менаџери на преработувачки капацитети, раководители на сектори, истражувачи и иноватори, образовни институции и студенти, инвеститори и финансиски институции, како и соработници и партнерски организации кои ја застапуваат преработувачката индустрија.
Предавачи на работилницата се: Проф. Д-р. Вељанд Рамадани, Проф. Д-р. Гадаф Реџепи и М-р Ѓорѓи Рафајловски.