17 ноември 2015

Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од Министерот Абдилаќим Адами ја посетија SEEUTechPark

На 16 ноември 2015, делегација на Министерството за образование и наука, предводена од Министерот Абдилаќим Адами, заедно со претставници на Собранието на Р. Македонија во посета на SEEUTechPark.

Во текот на нивната посета во просториите на SEEUTechPark, беа во можност да се запознаат поблиску со управувањето и работењето на овој институцијата, каде Ректорот, г.Дика заедно со г.Алиу - Директор на SEEUTechPark, ги информираа подетално околу процесот и достигнувањето на одличната можност за соработка базирана на Triple-Helix моделот.

Оваа успешна формула во развиените земји овозможува создавање на силни врски помеѓу академските институции, приватниот сектор (индустријата) и државните органи со цел создавање на можности за применети проекти, притоа придонесувајќи во развојот на економијата во земјата и воспоставувањето на компании за истражување и развој како формула за одржлив раст на приватниот сектор. Денес, на светско ниво се инвестира повеќе во проекти кои ја поврзуваат академијата со бизнис секторот, со цел да се развијат проекти кои ќе имаат брзо влијание врз националните економии . Triple-Helix методата го најде своето финансиско место во фондовите на ЕУ, па денес „Хоризонт 2020“ има буџет од 80 милијарди евра, COSME програмата има 3 милијарди евра за формирање на конзорциуми меѓу академијата, индустријата и владините органи. „SEEUTechPark во УЈИЕ не убеди дека дури и во нашите земји, соработката помеѓу Универзитетите- приватниот сектор и Владата, може да функционира и да даде многу добри резултати”, истакна Министерот Адеми.

Целта на посетата беше да се набљудува одблиску работењето на Технолошкиот Парк и постигнатите резултати во текот на речиси 3 годинишниот период од своето постоење, како успешен модел и прв од ваков вид во Република Македонија.