Прв состанок на Извршниот Одбор
На 22ри Јануари 2016, во просториите на SEEUTechPark се оддржа состанок на кој основачите на Технолошкиот Парк ги конституираа двата нови органа: Извршниот Одбор и Советодавниот Одбор на директори.
Со едногласна одлука на присутните, Д-р. Вероника Карева е избрана за Претседател, а Д-р. Денис Фарингтон е избран за Потпретседател на Извршниот Одбор на директори.
Едногласно беа избрани и членовите на Советодавниот Одбор во состав: Ректорот на УЈИЕ, Проф. Д-р. Замир Дика, г-дин Џеваир Мемеди, и г-дин Бесник Џеладини.
Покрај ова, состанокот беше одлична можност за менаџментот изворно да ги презентира досегашните превземени активности и плановите за тековната 2016 година, како и за поднесување на квартален оперативен и финансики извештај за работата на SEEUTechPark. Беа споделени и разменети мислења за позитивните практики на вклучување на сите засегнати страни, со цел да се унапреди работењето и процесите на Технолошкиот Парк, но и воедно да се согледаат можносите на сите полиња во рамките на државата, но и на меѓународен план.