16 декември 2016

Потпишан меморандум за соработка помеѓу SEEUTechPark и Технички Факултет – Битола

На 14 Декември 2016, во Битола беше потпишан меморандум за соработка помеѓу SEEUTechPark и Технички Факултет – Битола, за продолжување на досегашната заедничка соработка во полето на претприемништвото во високото образование.

Техничкиот Факултет организираше промотивен настан, чија што основа беше потпишување на меморандумот за соработка помеѓу Техничкиот Факултет и Технолошкиот Парк на Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово, со цел следење на современите текови во високото образование, и започнување на процедурата за востановување на форма на Технолошки Парк или Инкубатор на самиот Факултет, кој што ќе има за цел на студентите да им овозможи за време на студирањето да се стекнат со потребните компетенции за започнување на сопствен бизнис, но исто така да стекнуваат компетенции кои што ќе им помогнат да најдат работа во иднина.

Самиот настан беше во организација на Техничкот Факултет, SEEUTechPark и CEFE Македонија, како иницијатори на настанот, а истиот беше проследен и од претставници на академскиот сектор, студенти, како и претставници на бизнис и НВО секторот.