21 август 2017

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ SEEUTECHPARK И БИТ ХАБ ОД БИТОЛА

На 18ти Август 2017, беше официјално потпишан Меморандум за соработка помеѓу SEEUTechPark и БитХАБ кој е дел од Факултетот за информатички и комуникациски техниологии (ФИКТ) во Битола, со што се продолжува праксата на поддршка на претприемништвото во виското образование.

БитХАБ-от кој што е лоциран во просториите на ФИКТ подготвува нов простор од 800м2 специјално дизајниран за студентите и идните претприемачи и кој треба да им овозможи полесно преточување на нивните ИТ вештини во креирање на нови стартап и технолошки компании.

SEEUTechPark се обврза да го помогне процесот на зајакнување на капицитетите на менаџментот на БитХАБ во насоки на пренесување на досегашното искуство, како и најдобрите практики од работењето во доменот на претприемничките, стартап и технолошки програми засновани на локалните потреби. Водено, беше дискутирана и идната соработка на двете организации во поддршка на локанлиот и националниот екосистем. Двете страни се согласија да работат заедно на проектни активности и имплементирање на најновите концепти кои би биле од обостран интерес не само по институциите, туку и по развојот на високообразовните средини од кои потекнуваат.