21 ноември 2018

Американската Стопанска Комора - AmCham во посета на Универзитетот на ЈИЕ и Технолошкиот Парк

На 19ти Ноември Извршниот Директор на Американската Стопанска Комора во Македонија, г-ѓа Дијана Десподов го посети УЈИЕ и Бизнис Иновативниот Центар во рамките на Универзитетот.

Во рамките на работната посета, г-ѓа Десподов оствари средба со Ректорот на Универзитетот - акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети и Про-ректорот за Планирање и Претприемништво - проф.д-р Бесник Фетаи, на кое се зборуваше за достигнувањата во полето на поврзување на академскиот, владиниот и бизнис секторот, како и одличните можности за соработка во рамките на овој Троен-Хеликс модел.

Г-ѓа Десподов исто така имаше можност да го посети SEEUTechPark и директно да се информира за начините како Универзитетот ги помага иновативните стартап кампании во креирањето вредносни извозни производи и услуги и отворањето на нови високо-технолошки работни места, а во исто време помагајќи ги позрелите средни претпријатија во постигнување на структурен раст преку услугите на Business Development Center – BDC.

За време на посетата, Извршниот Директор г-ѓа Десподов исто така ги посети и компаниите-станари на Технолошкиот Парк лоцирани на кампусот, и помеѓуостанатото беа разговарани идеи и иницијативи за подолгорочна соработка помеѓу двете институции.