25 ноември 2013

Европската недела на бизнис ангели

На 21 Ноември во Тетово- Македонија, се одржа работилницата на тема "Европската недела на бизнис ангели " : Соработка помеѓу приватниот сектор и науката, одржливост и создавање на претприемнички екосистем кој им е потребен на компаниите.

SEEUTechPark и Европско-македонскиот центар за знаење и иновации, беа организатори на работилницата , целта беше да се создадат можности за соработка помеѓу индустријата и академскиот сектор, одржливост и создавање на претприемнички екосистем кој им е потребен на компаниите.

Работилницата започна со видео порака од José Manuel Barroso, претседателот на Европската комисија , тој ја образложи важноста на бизнис ангелите. За време на неговиот говор истакна дека "Бизнис ангелите играат важна улога во заздравувањето на Европа, со финансирање на стартап компании кои креираат нови работни места и кои ја пренесуваат иновацијата од Европа до потрошувачите и бизнисите низ целиот свет. Тие се суштински елемент на креативноста, иновацијата и солидарноста во рамките на севкупниот раст и стратегијата за нови работни места ".

Нашиот специјален гостин беше г-дин Илија Вучков, претседателот на Европско-македонскиот центар за знаење и иновации, тој ги промовира можностите за инвестирање и ја подигна свеста за ко-инвестирачките фондови објаснувајќи го значењето и главната улога на бизнис ангелите во економскиот раст.

Во својот говор Проф Norbert Marx се осврна кон соработка помеѓу индустријата и академскиот сектор ставајќи акцент на новата двојна студиска програма во рамките на ЈИЕУ.

SEUUTechPark ќе ја продолжи и прошири својата соработка со Европско-македонскиот центар за знаење и иновации. Во иднина , ние се стремеме да креираме нови , иновативни идеи и да им помогнеме на поединци или тимови да развијат профитабилен бизнис.