6 јули 2016

Да најдеме пари за твојот бизнис – кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании

На 30 јуни 2016 се оддржа првата од серијата предвидени работилници на тема „Да најдеме пари за твојот бизнис“ наменета за постоечките и потенцијалните претприемачи и можноста за финансирање на нивните иноватвни проекти.

Во оваа сесија фокусот беше ставен на можностите кои ги нуди Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) преку нивниот трет објавен повик за инструменталната поддршка – кофинансирање на старт-ап и спин-оф грантови за македонските микро, мали и средни претпријатија.

Гостите-предавачи од ФИТР најпрвин ги запознаа учесниците со процедурите, формите, правните постапки и клучните фактори на поднесување на успешни апликации во доменот на деловните иновации, и на потенцијалните апликанти од старт-ап и спин-оф проектните тимови од Полошкиот регион им поделија неколку праткични совети за надминување на најчестите административни бариери. Селектираните апликации кои ќе го поминат бараниот филтер ќе добијат Владина помош од максимум 85% од целиот буџет на проектот.

Работилницата беше прследена со голем интерес од присутните и заврши со серија на прашања од учесниците за темите кои беа од најголем интерес за практичните и техничките потешкотии во аплицирањето. Коорганизатори на настанот беа и Бизнис Центарот при Полошкиот Планис Регион, како и ГИЗ (LEIWW+).