9 март 2017

SEEUTechPark нуди нова услуга: "Вреднување на Компанија"

SEEUTechPark како приватно лице, основано од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа и неговата Фондација, нуди нова услуга наречена "Вреднување на Компанија".

Услугата e резултат на интензивна обука одржана од експерт дојден од консултантска куќа од Велика Британија, специјално прилагодена за тимот на SEEUTechPark. Во специализираната обука е вклучен целиот тим на Технолошкиот Парк, вклучувајќи неколку методологии, методи, рамки, и различни аспекти на вреднување.

Вреднувањето на бизниси е процес од цел еден сет на процедури кои имаат за цел да ја одредат крајната вредност на бизнисот. Мноштвото сопственици на бизиси не ја знаат вистинската вредност на нивните компании, па често пати знаат да додаваат сентиментални, претерано неопипливи и нерелеистични пазарни вредности. Но тоа не ја изразува вистинската вредност на нивната компанија. Доколку вашиот бизнис е во почетна или т.н. експанивна фаза, постапката на вреднување на компанијата во првите пет години, и подоцна на секои 2-3 години, на сопствениците може да им даде пореални очекувања за вредноста на нивниот потфат. Имањето на издржан и професионален извештај за вредноста на вашиот бизнис му олеснува на менаџментот во донесувањето на стратешки одлуки во доменот на буџетските трошоци, профитабилноста, како и на вкупните кратења на одредени ставки.

Кој и да е вашиот мотив, време е искрено да си го поставите себе си единственото важно прашање релевантно за секој економски субјект: Колкава е економската вредност на вашата компанија, колку вреди во пари?

Оваа услуга е финансиран од партнерот на SEEUTechPark "Swiss Contact" - Increasing Market Employability Program, поддржана од PredaPlus and Swiss Agency for Development и Cooperation -SDC. Веднаш од лансирањето на оваа нова услуга, SEEUTechPark ќе почне да го спроведува истата на 6 старт-ап (компании), обезбедувајќи целосен извештај за тоа колку вредат нивните бизниси (нивните економски вредности).