5 април 2017

Затворањето на апликациите во Тирана гo собра жирито на петтото издание на Albanian ICT Awards

На петтото издание на натпреварот на национално ниво за „Најдобри награди за ИКТ“, оваа година SEEUTechPark учествува како регионален партнер, соработник и претставник на жири-комисија.

Пред моментот на отворањето на апликациите, се оддржаја вкупно 20 средби со млади луѓе, студенти, академици и претприемачи од областа на ИКТ индустријата од Тирана, Приштина, Скопје, Тетово, Скадар, Прешево и Ѓаковица. Како резултат на организацијата и состаноците, над 106 апликации беа испратени во различни области како што се: „Иновација на годината“, „Академик на годината“ , а потесните кандидатите доаѓаат од Албанија, Косово, Македонија и од дијаспората. Како што се очекуваше, првиот ден од Април го означи почетокот на процесот на евалуација од страна на жирито на „Albanian ICT Awards“ која е претставена од страна на истакнати личности во областа на информатиката и технологијата од Албанија, Косово и Македонија.

Како резултат од првиот состанок на стручната жири комисија, на “Albanian ICT Awards 2017” беа дискутирани апликациите. Оваа година дел од жирито се академици и професионалци во областа на ИКТ и тие се: Julia Goga-Cooke, Mirlinda Karçanaj, Anila Hoxha Tollkuçi, Anni Dasho Sharko, Jonida Çerekja, Altin Petre, Visar Jasiqi, Mareglen Biba, Jeton Siqeca, Azir Aliu, Sokol Vladi, Gjergji Mulla и Endri Xhina.

Следниот состанок на жирито ќе се одржи во Сабота на 15ти Април, на кој ќе бидат претставени апликациите од страна на подносителите на истите.