2 април 2013

Business Process Management (BPM) Интензивен курс

Датум на започнување: 08.04.2013 Датум за завршување: 12.04.2013 Почитувани студенти, чест ни е да ви ја презентираме Business Process Management (BPM) работилницата организирана од SEЕU, Универзитетот на Виена и ФИНКИ. Ќе се одржи од 8-ми до 12-ти Април 2013 година, во просториите на SEEU-Тетово. Оние кои успешно ќе го положат испитот кој е предвиден во работилницата ќе се стекнат со 6 кредита во согласност со правилата на Университетот на Југоисточна Европа како изборен предмет.

Бројот на учесници во овој интензивен курс е 40 студенти, од кои 20 студенти од SEEU и 20 студенти од ФИНКИ. Изборот на учесници ќе се врши според мотивационото писмо кое треба да биде напишано на англиски јазик, кој е официјален јазик на работилницата. Цената е 3000 денари, во нејзе се вклучени сместување и учество на сите настани организирани од работилницата. Покрај академски дел ќе има и социјални настани кои дефинитивно не треба да се пропуштат.


Настанот ќе содржи секојдневни предавања и работа на проекти во групи, паузи
за ручек/вечера и слободно време за социјализирање ,

Во прилог ви ја доставуваме агендата на работилницата и ЦВ-та на предавачите:
Download: Agenda
Download: Professors CV

За пријавување на работилницата, искористете го следниот линк.

Крајниот рок за пријавување е: 05.04.2013 до 13:00.
Сите апликанти ќе бидат известени дали се примени на 06.04.2013 до 16:00.