29 јули 2021

Повик за избор на МСП-а од туристичкиот сектор

Бараме мали и средни претпријатија (МСП-а) кои работат во туристичкиот сектор во земјите: Италија, Шпанијам Северна Македонија, Молдавија и Грција за да учествуват во ‘Програмата за градење на капацитети и трансфер на знаење” за CENTOUR проектот, со цел да се забрза нивниот развој за конкретна иновациска стратегија преку имплементација на циркуларни решенија (вклучително и шема за сертификација - ECOLABEL/EMAS – за селектринање МСП-а).

22 јуни 2021

SEEUTechPark ќе ги поддржи е-Bionics во развојот на нов производ

Со помош на УНИЦЕФ – С. Македонија, SEEUTechPark ќе му помогне на младиот и просперитетен тим во развојот на нивниот нов производ - Venus Arm, кој цели кон интернационализација.

1 јуни 2021

SEEUTECHPARK УЧЕСТВУВАШЕ НА СТАРТАП КОНФЕРЕНЦИЈАТА – #MKStartupsSummit 2021

Под мотото „Заеднички влијаеме“, во рамките на првиот Национален Стартап Самит, над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата на Република С. Македонија, ги дефинираа следните чекори кои треба да се превземат за државата да се позиционира како регионален стартап хаб.

22 март 2021

SEEUTechPark им помогна на Eurovia и Kiimo за претстојната инвестициска кампања на Funderbeam

Kiimo станува првиот македонски стартап што ќе прибира инвестиции преку Funderbeam – водечки инвеститор е домашната компанија Eurovia.

4 септември 2020

SEEUTechPark e партнер на PowerUP – бесплатна програма за иновативни мали и средни претпријатија и startup компании

SEEUTechPark e горд партнер на програмата PowerUP што го иницира Светска Банка, финансирана од Европска Унија во рамките на Програмата за развој и иновации на претпријатија од Западен Балкан (WB EDIF), и предводена од глобалната консултантска компанија Deloitte.

17 јуни 2020

Ново стратегиско партнерство помеѓу SEEUTechPark и Cube Labs (Италија)

SEEUTechPark и Cube Labs потпишаа официјален договор за соработка наменет за поддршка на сегашните и идните перспективни портфолио компании.

11 јуни 2020

SEEUTechPark еден од акцелераторите на Star Venture програмата од ЕБОР

Програмата Star Venture на Европската Банка за Обнова и Развој – ЕБОР има за цел да им помогне на напредните стартапи акцелератори и консултанти да го унапредат нивниот целосниот потенцијал, а SEEUTechPark беше избран како единствена организација - соработник од С. Македонија.

6 мај 2020

БИЦ ДОБИТНИК НА ГРАНТ ЗА EU-COSME: CEnTOUR ПРОЕКТОТ

Центарот за бизнис и иновации (БИЦ) заедно со другите партнери, е добитник на ЕУ грант за COSME: CEnTOUR Проектот, кој има за цел зајакнување на одржливиот развој на туризмот и градење на капацитети на малите и средни претпријатија, преку меѓународна соработка и трансфер на знаења.

3 март 2020

SEEUTechPark учествуваше на првата македонска стартап конференција - Pitch.Match.Grow

PwC Северна Македонија заедно со Македонска Берза и Startup Macedonia ja организираa првата startap конференција „Pitch. Match. Grow.’’, со корисни #StraightToThePoint насоки околу можностите за финансирање на стартапи.

21 февруари 2020

„Шпаркасе Банка Македонија“ го започнува вториот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси.

Шпаркасе Банка Македонија, во соработка со SEEUTechpark, Start Up Academy и Business Impact Lab и втора година по ред ќе го поддржи развојот на младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, кои имаат потреба од финансиска помош за понатамошен развој.

25 октомври 2019

Вреднување на стартапи - гостинско предавање на VentureUp програмата при Универзитетот во Приштина

Во Понеделник, 21 Октомври, ја имавме честа да одржиме гостинско предавање за една од нашите услуги: Вреднување на Стартапи, на нашите партнери од „VentureUp“ инкубаторската програма при Универзитетот на Приштина во Косово.

22 октомври 2019

Меѓународна конференција: Улогата на научно-технолошките паркови на Западниот Балкан

Овој октомври, SEEUTechPark активно учествуваше на меѓународната конференција организирана од страна на Европската комисија и Заедничкиот центар за истражување (JRC) , на темите за изготвување на стратегијата на т.н. „Смарт Специјализација“ на Србија (4S), заедно со можностите и предизвиците за секторска специјализација на научно-технолошките паркови (НТП), акцелераторите и инкубаторите во поширокиот регион на Југоисточна Европа.

15 мај 2019

Гостинско предавање за Претприемништво во 21 век со Пол Сергиус Коку

На 14 мај 2019 година, имавме чест да го имаме како предавач професорот на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и академскиот член за маркетинг Проф. д-р. Пол Сергиус Коку, кој одржа предавање за Претприемништво во 21 век, пред студентите и кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

3 мај 2019

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПОДДРШКА НА СТАРТ-АП БИЗНИСИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 16-ти Април 2019 година во Скопје беше потпишан тријатерален Меморандум за долгорочна деловно-техничка соработка помеѓу едни од најактивните подржувачи на претприемништвото и стартап бизнисите во земјава: Фондацијата CEED Hub, Центарот за бизнис и иновации (БИЦ) и Вектор Капитал Инвестментс.

11 април 2019

Програмата DigiGirlz на Microsoft и ова година пристигна во SEEUTechPark во Тетово

На 10 април 2019 година, SEEUTechPark беше домаќин на светскиот настан "DigiGirlz" чија цел е поттикнување, инспирација и поддршка на секоја девојка која сака да биде дел од ИТ светот.

29 март 2019

Гостинското предавање за светските иновативни трендови со Петер Риги - глобален директор на CEED програмата

На 28 март 2019 година, имавме чест да бидеме домаќини на еден одличен претприемач и меѓународен претприемнички говорник - г-дин Питер Риги, кој одржа кратко предавање за глобалните иновативни трендови и предизвици пред студентите на УЈИЕ и компаниите-станари на TechPark.

12 март 2019

ALBANIAN ICT AWARDS ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО

На 11 март 2019 година Albanian ICT Awards патуваше за Северна Македонија, каде се сретна со студентите, стартупите и наставниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје и Тетово.

26 февруари 2019

ЕБОР во посета на SEEUTechPark

Во петокот, на 22 февруари 2019 година, претставници на канцеларијата на ЕБОР - Северна Македонија беа во посета на SEEUTechPark и некои од нејзините станари.

25 февруари 2019

Продолжена соработка помеѓу БИЦ и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во петок, 15.2.2019 година, претставници на „Бизнис Иноватвниот Центар – БИЦ“ беа во возвратна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

24 јануари 2019

Презентација на одобрени проекти од „О2 Предизвик“ во Технолошкиот Парк – Тетово

Во Среда, 23.01.2019 во Технолошкиот Парк SEEUTechPark, беа презентирани досегашните резултати од спроведувањето на проектите избрани во рамките на Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот - „О2 предизвик“.